Home Технологија Lenovo и Huawei глобално најпознати кинески брендови

Lenovo и Huawei глобално најпознати кинески брендови

34
0
SHARE

Техничките компании Lenovo и Huawei и натаму се најпознати кинески брендови, стои во глобалното истражување за кинескиот национален имиџ за 2014  договор година. 

Lenovo е познат меѓу 49 отсто од испитаниците од развиените држави и меѓу 80 отсто од популацијата на државите во развој, покажуваат резултатите од истражувањето. 

Дејноста на Lenovo покрива компјутери, лаптопи, сервери и паметни телефони. Во октомври 2014 година компанијата го финишираше спојувањето со Motorolom Mobility од Google. Овој договор го лансираше Lenovo на трето место на светскиот пазар на паметни телефони. 

Huawei, кој е специјализиран во телекомуникациската опрема и решенија, познат е меѓу 27 отсто од популацијата во развиените држави и 63  тсто кај популацијата во државите во развој. 

Huawei, кој исто така поизведува паметни телефони, го следи во чекор Lenovo на светскиот пазар на паметни телефони. 

Двете компании ги заземаа првите две места на чистата најпознати кинески брендови во светот и во 2013 година. 

Истражувањето на имиџот на кинеските брендови на светскиот пазар за 2014 година, вклучи 4.500 граќани во Велика Британија, САД, Австралија, Јапонија, Кина, Јужна Африка, Индија, Бразил и Русија на возраст од 18 до 65 години. 

На прашањето дали е Кина иновативна во технологијата, 64 отсто од испитаниците дале позитивен одговор. 

Меѓу првите 10 глобални кинески брендови се најдоа и  Air China, Haier, Alibaba, ZTE, Hisense, TCL, Bank od China и China Mobile.

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here