Home Локални Избори 2013 Чадиев: Економскиот развој на Велес е мој приоритет

Чадиев: Економскиот развој на Велес е мој приоритет

32
0
SHARE

Економијата е една од најзначајните алки во општеството.Затоа и во мојата изборна програма предвидени се неколку значајни  проекти кои  во соработка со Владата ќе допринесат работите на економски план набрзо да се променат на подобро, рече кандидато за градоначалник на Велес, од коалицијата „За подобра Македонија “ Славчо Чадиев, на средбата со малостопанствениците  од Велес на која присуствуваше и вицепремиерот Владимир Пешевски.

„Нудиме забрзан економски развој преку индустриските зони Речани, УЗУС и новата караслари. Истовремено даваме предност и на туристичкиот локалитет езеро Младост. Едноставно јас како иден градоначалник и мнозинството на советот кое веќе ВМРО ДПМНЕ го има  ке сториме се за да ја подобриме економската состојба“, рече Славчо  Чадиев, кандидат за градоначалник на Велес од коалицијата „За подобра Македонија“

Чадиев потенцира дека ако биде избран за градоначалник веднаш ќе го формира  економски совет кој во иднина заедно со него ќе има за задача да биде во постојана комуникација со централната власи со цел да се донесат повеќе инвеститори во Велес.

„Подршката која сега јас како кандидат за градоначалник ја добивам од одговорниот човет за економскиот развој, вицепремиерот Владимир  Пешевски е доволен показател дека  ја имаме подршката на Владата“,рече Чадиев.

„За реално спроведување на сите економски политики кои Владата ги има планирано ќе бид епотребно д апостои одлична соработка помегу општината помегу советот нан општината и градоначалникот“, рече вицепремиерот Пешевски.

Чадиев се сретна со првиот синдикалец на Македонија и Велес. На средбата со Митевски и Шакоров  беа потенцирани проектите кои дирекно се однесуваат на работниците  а се разговараше и за  најавената нова инвестиција и 600 нови вработувања.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here