Home Колумни На кое ниво падна опозицијата во Македонија?!?!?!

На кое ниво падна опозицијата во Македонија?!?!?!

29
0
SHARE

 

Имам едно едноставно прашање до цела македонска и експертска правна јавност. Дали знаат како да излеземе од овај ќорсокак во кој не става килавата и тромава опозиција со блокирање на гласањето за буџетот за 2013 година,кој правен лек или средство може да го искористи владејачката партија која го доби мандатот на легитимни избори.

Дали два милиони граѓани треба да бидат заложници на нивното (што би рекол Фрчко) дебилно однесување во Парламентот на Р.Македонија? Дали знае јавноста и граѓаните на оваа држава дека тие истите таму земаат плата по 1000 евра дека земаат уште од патни трошоци и други предности на пратеничката функција дека тие пари се мои и ваши што плаќаме данок на оваа држава? Дали има план владејачката партија да ги одблокира овие ситуации што ги создава опозицијата и кој е тој план?

Знаеме сите дека не е розово во државава меѓутоа ова што го правите вие (опозицијата) личи дека треба да се дојде на власт по секоја цена. Има избори претставете се таму,претставете ја програмата ваша,буџетот,акциони планови и што уште не,ако ви верува народот ќе ве гласа ако не ќе седите во Парламент и КОНСТРУКТИВНО ќе заземете дел од улогата која ви припаѓа и ви ја дал овај народ.

Немојте да го потценувате народот а тоа важи за СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ, бидејќи народот се освестува и осветува  кога тогаш, можеби вам ви се осветува поради погрешната политика која ја водевте со години, можеби и на оваа политичка партија на власт ќе им се осветува во иднина меѓутоа за тоа потоа, бидејќи времето ќе покаже.

Вие имате легитимно право да ја барате власта и да управувате со буџетот меѓутоа може да управувате со него само ако народот ве изгласа никако поинаку,немојте да уценувате или по наше или не играм, тоа повеќе ги иритира граѓаните,свестете се дека со ваков начин на водење политика ја губите и таа мала поддршка што ја имате од граѓаните на Македонија, време е да се свестите дека таква опозиција каква што сте не и оди во прилог на државава, таква килава и тромава опозиција која што трпи 6-7 порази со ред треба да знае дека нешто не штима, нешто не е во ред, дека треба да се менува курсот и движењето во таа партија. Со овој начин вие не и помагате на државата, вие не помагате со тоа што блокирате, ајде, еве ќе блокирате нема да се донесе буџетот, може нема да е и крај на светот меѓутоа многу сте проѕирни и веќе видени,размислувате краткорочно и нејасно.

Држете дебати,пресови,митинзи и трибини објаснете му ги на народот вашите политички и економски правци,како ја гледате и ќе ја водите оваа држава,па ако на народот не им чини оваа власт ќе се случи Грција и Словенија, меѓутоа како што гледам народот седи мирен и гледа рамнодушно бидејќи веќе не знае ни тој кој пат да го фати бидејќи преку глава им е на сите од политика во оваа држава, преку глава им е од поделби на наши и ваши, и на нив и на вас ова ви е заедничка држава,јас мислам дека имате иста цел меѓутоа разчични патишта до таа цел.

Јас не викам дека едните или другите се во право, не викам дека актуелната власт е 100% во право, некои слушам викаат дека Владата не чини дека не води погрешно меѓутоа треба да се постави дополнителното прашање,дали има друг да не води попаметно и подобро од оваа Влада, дали има некој кој ќе ја замени на подобро оваа Влада, ако има ќе ја замени народот а не вие со вашиот циркус ПИНК ТВ на собранискиот канал. Свестете се и реформирајте се.

Кога седам со млади луѓе од СДСМ им ја кажувам историјата како Никола Груевски стана најмоќен човек според мене, со тоа што ја реформира партија, го избрка ЉуБчо од таму и народот му даде поддршка за тоа, ги смени сите стари кадри со нови, помина период на транзиција во партија меѓутоа од 2006 година до ден денес е на власт.

Не очекувајте дека Бранко е спасителот на СДСМ, колку побрзо го отстраните од таму толку поголеми се шансите на СДСМ да стане партија сериозен противкандидат на владејачката партија.

Уште еднаш ќе повторам дека не е розово и далеку од одлична е ситуацијата економска во Македонија, меѓутоа нема опозиција која може да ја притисне власта уште подобро да работи,опозицијата ја гледам како нем набљудувач со ефтини трикчина да поентира колку може. Колку е полоша опозицијата во државта толку полоша е државата.

Бидејќи го блокирате Парламентот да си ја врши рабтата за носење на буџет сакам да се осврнам на тоа дека имаше пред некое време еден човек експерт за економија кој што говореше за Кејнсовата економија и практиката на современата макро економија во која тој објасни стручно како и каде оди Македонија со задолжувањата, каде и како се трошат парите и дали тие ќе се одразат на стандардот позитивно или негативно во иднина на обичниот граѓанин на Македонија.Човекот е за респект и не го кажувам кој е, меѓутоа оставам на вас да заклучите дали Македонија оди во позитивна или негативна макроекономска полтика и дали политички се движи кон добро или лошо,размислете сами во себе длабоко и искрено,ама ИСКРЕНО направете анализа на што чини а што не па ќе сфатите многу работи.      

                                                                

 пишува: Јане Ченто     

ставовите изнесени во колумната се лични на колумнистот

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here