Home Колумни НА СЕКОИ 10 ГОДИНИ БОЈКОТ !!!!!!

НА СЕКОИ 10 ГОДИНИ БОЈКОТ !!!!!!

15
0
SHARE

 

Во 1994 година,ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираше изборите и од тоа произлезе мрачната приватизација на државниот капитал,промена на име,знаме итн.

Референдумот од 2004 годинана предлог на ВМРО ДПМНЕе распишан со цел изјаснување околу ново-усвоениот Закон за територијална поделба на Република Македонија,а коиодСДСМ излегоасо кампања дека “Некои прашања не заслужуваат одговор“ или дефакто бојкот од страна на СДСМ.
Што донесоа овие бојкоти за Република Македонија? Нешто подобро? Се разбира дека добија контра ефект за националните интереси на државата.
Скоро 10 години подоцна,односно денес,Македонија е соочена со нов бојкот од политичка партија.Според анализата, изминатите два бојкота од 1994 и 2004годинаиспаднаа на штета за државата, а не бега таа теорија ни сегадека на државата ќе и се нанесе огромна меѓународна штета. 
Непишанотоправилоглас, на 10 години бојкот.

Помина и 16 февруари, последниот рок за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и советници кој и покрај сите апели од страна на внатрешни и надворешни релеванти институции немаше слух од опозицијата односно од лидерот на на Сојузот за иднината Бранко Црвенкоски  да не ги бојкотира Локалните избори кои ќе се одржат на 24 март 2013 година.

Дали се свесни СДСМ дека после ова нема назад, дали се свесни дека со ова влегуваат во тотален амбис,дали веруваат дека на овај начин ќе дојдат на власт,дали се свесни дека партијата им се распаѓа бидејќи секој ден исклучуваат некој член од таму,дали се свесни каква порака им се праќа на меѓународната заедница,дали се свесни дека после овој бојкот Македонија дефакто влегува во еднопартиски систем како пред 90-тите па и во време кога ВМРО ДПМНЕ бојкотираше во 1994 година,дали мислите дека ќе победите некогаш на избори со ваков однос спрема сопствените членови па и сопствениот народ????Многу прашања,а еден одговор. Се додека Бранко Црвенкоски е лидер на СДСМ,ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на власт, тоа е вистината.

Македонија од 1991 година до ден денес живее во црно бел свет,кога бојкотираше ВМРО-ДПМНЕ заедно со ЉуБчо Георгиевски на изборите и кога СДСМ доби апсолутно мнозинство знаеме што се случи,катастрофална транзиција,промена на знаме и име и ред други работи.Се повеќе оваа ситуација во која Бранко ја донесе опозицијата во Македонија ми наликува како да сака да ја уништи опозицијата т.е СДСМ,партијата која ја направи многу моќна, која владееше со Македонија полаа и повеќеод нејзината независност сега сака да ја уништи,намерно или ненамерно?!?!  Во СДСМ има голем број угледни и паметни луѓе кои ќе знаат што значи одговорност, кои знаат што е најдобро за Македонија и нејзините граѓани кои знаат како треба да се дојде на власт нудејќи решенија за маките на граѓаните.

Во сето ова инаетење е почетокот на крајот на еден транзиционен лидер каков што е Бранко Црвенковски, кој со последниве случувања само покажа дека кога е најтешко не може да се однесува државнички и да се надмине себеси, туку пред сѐи пред сите ги стави личните интереси. Дека нема да успее да ги убеди ниту неговите најблиски соработници дека одлуката за бојкот на изборите е оправдана, најдобар показател е кандидатурата на Стевче Јакимовски од Карпош, кој во последен момент му сврте грб . Стевче нема да биде единствениот, туку ќе го следат и многу други соцјалдемократи освен оние кои имат му се должници како на пример Зоран Заев кој беше аболициран од Бранко Црвенкоски и се откажа од сигурна победа во Струмица со цел да му се удоволи на шефоти да се врати долгот.

Со бојкотот Црвенковски апсолутно си ја запечати политичката кариера и си стави крај самиот себеси како политичар од 90тите години кој што беше на два пати премиер и еднаш Претседател на Македонија.Имам едно прашање до опозицијата а тоа еза нивната кондиција,и како ќего одржат нивото на тензии и политичка мобилизација кога ќе немаат финансиски средства,без ветување за вработување особено кога знаеме како е тоа во Македонија.Од друга страна на меѓународна сцена ова е автогол,со кој признаваме дека досега нигипрогледуваа низ прсти позитивните извештаии иим правиме голема услуга насоседите кои не треба да се трудат да докажуваат зошто не блокираат,бидејќи им дадовме карт бланш за блокирање.

Преовладаа неразумни аргументи, барања, ултиматуми и сега веќе нема бегање од таа ситуација во која се постави самиот Црвенкоски и неговите следбеници,па сега ќе ја сносат штета што доаѓа во политичка смисла на зборот.
Се повеќе мислам дека сега Владо Бучковски ќе излезе на политичка сцена со нов концепт и програма за опозицијата во Македонија,се повеќе мислам дека исклучените како Бузлевски,Бучкоски,Цветковски кои беа едни од помоќните луѓе во СДСМ ќе почнат да го грабаат членството на СДСМ и ќе се обидат да направат некоја новаНСДП како Тито Петковскикога излезе од СДСМ, меѓутоа помоќна политичка платформа.

Далекуод тоа  дека е розово во Македонија,далеку дека во Македонија се живее економски добро,разнишана е демократија , меѓутоа не гледам битка за подобра економски Македонија,не гледам битка за подемократска Македонија, гледам битка меѓу его од едната страна на Бранко Црвенкоски и човекот кој му нанесе 5 порази по ред на партијата на Црвенкоски а тоа е Никола Груевски кој никој не може да го смени од премиерскта функција со ваква опозиција, апсолутно никој , бидејќи нема опција која може да му парира на Груевски во овој момент било тој  да владеел добро или лошо.

Ова е дно на дното за опозицијата во Македонија,од која ќе треба да се свестиме сите и да очекуваме и веруваме дека ќе произлезат и нови опции и нови политички понуди за разочараните граѓани.

 

                                                                                                                                                             пишува Јане ЧЕНТО

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here