Home Локални Избори 2013 Отпаднатите кандидати за градиначалник на Велес од првиот круг ги повикаа своите...

Отпаднатите кандидати за градиначалник на Велес од првиот круг ги повикаа своите симпатизери во Недела да гласаат за Славчо Чадиев

15
0
SHARE

СДУ, СДПМ и Титови леви сили го поддржаа Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“,  во вториот круг за градоначалник на Велес.

„Сакаме да ја известиме јавноста  дека Општинската организација на СДУ од Велес на престојниот втор круг од локалите избори донесе едногласна одлука да го поддржи кандидатот за градоначалник на Општина Велес, М-р Славчо Чадиев. Нашиот став е дека  г-динот Славчо Чадиев заедно со Советничкото мнозинство кое е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Република Македонија целокупното знаење, сила и енергија ќе ги насочат кон реализација на конкретни резултати и конкретни цели кои се предвидени во неговата изборна програма“, изјави Марјан Спасовски од СДУ.

„Најпрво би сакала oд мое име и од името на мојата политичка партија СДПМ да им се заблагодарам, на сите оние кои што во првиот круг од локалните избори го дадоа својот глас за мене како кандидат за градоначалник на Велес. Освоениот број на гласови за нас е показател дека политиките кои ние ги спроведуваме се препознаени и наидуаваат на поддршка кај граѓаните. Истовремено сакам да Ве повикам во следниот круг од изборите својата поддршка да ја дадете на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, г-динот Славчо Чадиев“ , рече Тања Петровска од СДПМ.

СДПМ смета дека Општина Велес на чело со Славчо Чадиев во иднина може да работи доста успешно постигнувајќи значителен развој и просперитет во локалната самоуправа.

Поддршка за Чадиев стигна и од Титовите леви сили. 

„Сметаме дека граѓаните на Локалните избори треба да гласаат за личност.  Нашиот став е дека токму г-динот Славчо Чадиев е личноста која знае да прави дела и знае како да ја води Општината во наредниот период. Програмата која тој ја понуди на овие избори е добра основа за развој и напредок на градот. За нејзина реализација е неопходна поддршката и од Советот на општината и од Владата на РМ, а тоа е поддршка која г-динот Чадиев ја има на располагање. Во тој правец гласовите добиени во првиот круг ги преотстапуваме на кандидатот за градоначалник г-динот Славчо Чадиев, и му даваме целосна поддршка во вториот изборен круг на гласање“, рече Горан Мишов од Титовите леви сили.

Кандидатот за градоначалник Чадиев изрази голема благодарност за дадената поддршка од довчерашните негови конкуренти.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која е слободна и отворена за сите граѓани на Општина Велес. Во таа насока дозволете ми да изразам и голема благодарност за тројцата мои довчерашни конкуренти, Г-ѓица Тања Петровска, Г-дин Марјан Спасовски и г-дин Горан Мишков, кои денеска решија јавно да ме поддржат и да ги дадат своите гласови за мене во вториот круг од Локалните избори. Им благодарам на сите оние кои во мене, во мојот тим и во Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија ја препознаа политичка сила која во наредните 4 години ќе креира развој на Велес“, рече Чадиев.

Во првиот изборен круг  Марјан Спасовски од СДУ освои 328 гласа, Тања Петровска од СДПМ 122 гласа и Горан Мишков од Титовите леви сили 134 гласа. Се очекува во вториот круг сите овие гласови да отидат на контото на Чадиев.

 

Прес конференцијата  на која Спасов, Петровска и Мишков му ја дадоа подршката на Чадиев, веб порталот Лисица ја пренесува во целост

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here