Home Интервјуа Петок 3ти мај,на најголемиот православен празник Велигден, 100% Македонски рок, Veles Easter...

Петок 3ти мај,на најголемиот православен празник Велигден, 100% Македонски рок, Veles Easter Festival

30
0
SHARE

 

Јаневски: Петок 3ти мај, на најголемиот Православен празник Велигден, 100% Македонски рок на Veles Easter Festival. Да покажеме дека Велес може да биде музички центар во Македонија.

Лисица: Како настана идејата за организирање на овој фестивал?

Зоран Јаневски: Проектот Veles Easter Festival се наметна како една обична идеја наметната на нас организаторите, од потребата за правење нешто ново во велешкиот музички етер.Како што знаеме, во Велес фестивал од ваков карактер немало,па логично е да на некого му се јави потребата за никнување на ваков модел на музичко едуцирање на младите во Велес. Впрочем, било какви концерти на групи или поединци се недостаток во нашиот град ако ги прескокнеме гостувањата по дискотеките и кафулињата на некои помалку или повекќе познати бендови низ Македонија,практично во Велес и нема никакво концертно дејствие. Значи,ако го исклучиме собирот на моторџиите како концертен настан за кој јас сум исклучително задоволен,практично во Велес нема фестивал, концерт или нешто слично гледано од рокерско око веќе долго, долго. Се сеќавам дека последниот голем Македонски бенд кој добро ја “здрма “ велешката публика е настапот на Меморија негде 10-на години наназад .Каде сме ние како музички град измеѓу овие години-не ми е јасно,и баш поради тоа еве го измисливме Veles Easter Festival за да можат младите имаат нешто за памтење,т.е. да не имаат велешани музичка празнина во нивната меморија како што има мојата генерација.

 

Лисица: Кои се впечатоците од минатогодишниот Veles Easter Festival 2012???
Зоран Јаневски: Впечатоците од минатогодишниот фестивал се во најголема мера –позитивни од најголемиот дел на луѓето во градот и пошироко.Секако тука имаше и негативни коментари од аматерскиот пристап до несоодветниот избор на бендовите,но тоа во извесна смисла е само позитивен коректор на она што беше направено во тој првпо ред фестивал.Но да се навратам на претходната година, како и да гледаме критички,минатогодишниот фестивал помина исклучително успешно, како од организаторски аспект,така и од самото задоволство кај 2.000 публика која го следеше фестивалот. Без ниту еден кикс, во поглед на обезбедувањето, продажба на карти, и на крај самиот тек на фестивалот во тие 6 часа, можеме да го потврдиме мислењето дека фестивалот како прв од оваков тип – помина Одлично!

 

Лисица: Нешто повеке за учесниците на овогодинешниот фестивал?
Зоран Јаневски: Како прво да напоменам дека лани, оваа година а се надевам дека и понатаму главна карактеристика на овој фестивал ке биде 100% Македонски рок. Значи, никакви примеси од странство затоа што Македонија е извор на безброј музичари,да не ги набројувам сега, и зажал ние како музичка нација сме далеку поценети надвор отколку внатре,во Македонија. Затоа ние мислиме дека не само Veles Easter Festival туку и повеќето други фестивали требада го имаат ова на ум, т.е. да форсираат Македонски бендови. Оваа година како и секоја наредна,сакаме фестивалот да добива што пошироки размери во поглед на посетеност, во поглед на годишна бариера и сл. Како и лани, и оваа година фестивалот ке го отвори велешки бенд – BLYE SKY бенд кој свири по локалните барови и е добро познат на велешката јавност.Како втори ке настапат прилепските рокери The Hounds е алтернативна музичка група формирана во 2009 година во Прилеп. Тие се спој на алтернативна и гранџ музикасотруба, конги и DJ култура.Секако, важат за бенд кој е во подем и исто како и лани ке сеобидме да ги промовираме т.е .да им помогнеме во нивната македонска промоција. Како една до двете големи македнски имиња на овој фестивал ке биде и настапот на ФОЛТИН една од најголемите бендови ов Македонија и една од првите групи кои имаа успешна интернационална кариера. За македонската ска-атракција СУПЕРХИКС не треба многу да се трошат зборови. Само на кратко да ги преставиме и да кажеме дека Суперхикс е македонска ска-панк група со реге, латино, џез, свинг и балкански музички влијанија. Формирана е во 1993 година. Наградени се за најдобар Македонски бенд во 2001, 2002 и 2004 година и нивниот концерт на Скопски саем беше награден за најдобар рок-концерт во 2004 година во Република Македонија. Во 2006 година Суперхикс го издаваат својот трет албум (во живо) албум кој е всушност еден од нивните најголеми концерти. Албумот беше отпечатен во 35.000 примероци и беше распродаден за помалку од 7 дена.Имаат настапувано низ најголемите светски музички центри,со најголемите мизички групи од нивната област како што се Manu Chao and Radio Bemba, Fun Lovin Criminals, Fishbone, Tito and Tarantula, Henry Rollins, Rico Rodriguez, H-Block и многу други…До сега имаат издадено 5 албума од кој последниот “Африка“ е од 2012 година.
И за крај секако,од страна на нашиот голем ,медиумски покровител планирано е да има големо Antenna 5 DJ’s After partyдодека не држат нозете….

 

Лисица: Кои се вашите очекувања за овогодинешниот фестивал?
Зоран Јаневски: Исти како и минатогодишните,како прво се да биде во најдобар ред,д а има луда забава до изгрејсонце, да дојдат не само велешани, туку да имаме гости и од Скопје, Штип, Кавадарци, Неготино, Прилеп…..од цела Македонија. Јас верувам во успешноста на целиот проект и верувам дека оваа втора година нема да биде и последна ,односно веке од следниот ден ке се подговтвуваме за следниот, трет по ред Veles Easter Festival 2014. Затоа, ги повикувам сите пријатели на Суперхикс,сите пријатели на добрите свирки и концерти,да  дојдат во петок 03 мај,на најголемиот Православен празник Велигден, да се изжуркаме добро и да покажеме дека Велес може да биде музички центар во Македонија. Во исто време ги поттикнувам и останатите кои сакаат да помогнат околу идеи за фестивалот да ни се придружат, ние ги очекуваме.

Лисица: Каде е планирано да биде одржан фестивалот?
Зоран Јаневски: Фестивалот ке биде исто како и лани – во салата Гемиџии, која специално за таа цел ќе биде модифицирана, односно ке поставиме подна облога за заштита на теренот. лавната сцена ке биде –доле на теренот и со тоа ние веќе го менуваме познатиот Велешки театарски концепт на одење на концерти и се приспособуваме кон сцените на сите поголеми фестивали. Исто како и лани предвидено е да имаме професионална 15 метарска сцена која ги задоволува сите потребни услови за еден професионален концертсо сите светлечки ефекти. Во тој дел голема благодарност ке им дадеме како на Општина Велес кој несебично застана зад целиот овој проект, така и на сите вработени во салата кои 24часа помагаат и ни се ставени на располагање.

 

Лисица: За крај која е пораката за оние кои имаат намера да дојдат на фестивалот???
Зоран Јаневски: Пораката е иста,како за тие што веќе знаат дека ке бидат во салата Гемиџии на 3ти мај, така и за оние кои се двоумат. Бидете дел од најголемиот музички настан во Велес , бидете дел од најголемата Велешка журка !
Дојдете на големиот Велешки фестивал ,на големиот Велигден…дојдете на Veles Easter 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here