Home Интервјуа По освојувањето на балканската, Шкортова во освојување на светската титула за Топ...

По освојувањето на балканската, Шкортова во освојување на светската титула за Топ модел

21
0
SHARE

 

 

Велешанката Билјана Шкортова, нашиот топ модел,ќе го претставува Балканот на светскиот избор за Топ модел на светот.

Лисица:Билјана, пред  два месеци се врати од Кина од изборот за  Мис модел на светот 2012. Најверојатно сеуште ги средуваш впечатоците од таму,  а веќе  заминуваш на уште една далечна дестинација.

Билјана Шкортова:Ако се земе предвид дека по враќањето од Кина имав навистина бројни обврски и ангажмани, навистина е така. Немав многу време да се опуштам.

Заминувам во Египет, каде ќе учествувам на 20тиот јубилеен избор за Топ модел на светот, откако ја освоив титулата Топ модел на Балканот, на изборот, кој пред еден месец се одржа во Србија.

Изборот Топ модел на светот  го организира Светската организација за убавина и истиот ќе се одржи на 29-ти Март во Ел Гоуна.  Таму заминувам како Балканска претставничка согласно титулата која ја освоив. Навистина се се случи многу брзо, но се чувствувам подготвена и за овој следен предизвик.

Лисица:Освојувањето на балканската титулата за топ модел сигурно значи уште поголема одговорност за тебе со оглед  на тоа дека овој пат  не ја претставуваш само Македонија?

Билјана Шкортова:  Овој пат ќе заминам со двојна одговорност- и за државите од Балканот кои ги претставувам и за сопствената држава. Сигурна сум дека одлично ќе се снајдам, го поседувам потребното искуство, се чувствувам подготвена и како и сите ние на Балканот,  верувам во трета среќа.

Лисица:Деновиве твојот лик се појави во рекламен спот и на билбордите низ државава. Колку ваквите ангажмани те исполнуваат.

Билјана Шкортова:За секој модел е предизвик да добие вакви сериозни и професионални ангажмани. Задоволна сум што токму јас бев избрана и што  соработував со вистински професионалци.  

Во врска со билбордите, ќе бидам искрена, одамна посакував да се видам барем на еден, и секако, ми годат комплиментите кои ги добивам секојдневно.  

Лисица: Билјана, Лисица ти посакува да се вратиш со престижната круна и да ја потврдиме вистината дека нема поубаво девојче од македонче.

Билјана Шкортова:Благодарам Лисица, им благодарам и на сите кои веруваат во мене и ми ја даваат несебично својата поддршка. Јас, како и сите останати 47 докажани модели од светот, посакувам да ја освојам круната. Искрено се надевамдека таа ќе отиде во рацете на најзаслужната.  

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here