Home Интервјуа Попоски за ИТАР-ТАСС: Големи перспективи за руско-македонската економска соработка

Попоски за ИТАР-ТАСС: Големи перспективи за руско-македонската економска соработка

17
0
SHARE

Руско-македонската трговска и економска соработка има големи перспективи. За ова, како и развивањето на соработката во енергетскиот сектор и намерата на Скопје да ги укине визите за руските државјани за оваа туристичка сезона, говори министерот за надворешни работи Никола Попоски, во ексклузивното интервју за ИТАР-ТАСС.

 

Г-дин Министер, одржавте доста продуктивни разговори со својот руски колега Сергеј Лавров. На кои области од билатералната соработка треба да се обрне повеќе внимание?

 

-Навистина, со рускиот Министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, имавме конструктивни разговори. Се надевам дека тој повторно ќе ја посети Македонија. Ова беше многу продуктивна средба, на која се фокусиравме на можностите за трговска и економска соработка. А такви можности има многу.

Во блиска иднина, се надеваме, ќе биде трајно затворена темата за советскиот долг кон земјите од поранешна Југославија. Станува збор за околу 60 милиони долари, кои ќе се надоместат како замена на руски инвестиции во проекти во секторот за гас.

Ние потпишавме план за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи за 2013-2014 година. Покрај тоа, потпишана е меѓувладина спогодба за создавање и за условите на работа на културни центри во Русија и во Македонија. Во Стопанската комора на Русија, имавме многу корисна презентација на инвестициската атрактивност на нашата земја. За многу меѓународни прашања разменивме мислења со шефот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков.

Во врска со агендата на билатералните контакти, следната посета на Премиерот на Македонија во Русија е закажана за јуни 2013 година. Се планира Претседателот на Владата да посети шест руски региони.

-Кога точно ќе ги отворат своите врати за јавноста културните центри во Москва и Скопје?

Се уште не се дефинирани конкретни датуми, но ние сме заинтересирани овие културни центри целосно да почнат да работат што е можно поскоро. Би било одлично, доколку рускиот центар се отвори уште оваа година. Но, се зависи од Министерството за финансии на Русија. Како и да е, отворањето на овие центри – е во наш заеднички интерес. Македонија има стекнато големо искуство во функционирањето на институции,слични на овие, како што се,на пример, во Њујорк и Истанбул.

-Како Вие гледате на понатамошната енергетска соработка со Русија?

Оваа тема е особено актуелна, бидејќи ние очекуваме потпишување на меѓувладина спогодба за изградба на крак од гасоводот “Јужен тек” во Македонија. Во моментов се чека одговор на нашите предлози од руската страна. Мислам дека ќе можам попрецизно да ви одговорам на ова прашање после средбата(31 јануари) со Заменик-министерот за регионален развој, Максим Травников. Сметам, дека потпишувањето на соодветниот документ ќе биде оваа година.
Во меѓувреме, со Русија многу успешно се реализираат проекти за изградба на електрани во Скопје, кои работат на руски гас. Руски компании, исто така ни претставуваат технологии за разработка на термоелектрани кои користат јаглен.

 

 Кога Русија и Македонија ќе ги укинат визите?

 

Руските туристи во Македонија – се секогаш добредојдени гости. Затоа, во последните четири години, Македонската влада еднострано ги укинува визите за руските државјани, во време на туристичката сезона. Ние имаме намера и оваа сезона да им овозможиме на Русите безвизен влез во Македонија.

 

Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here