Home Локални Избори 2013 Јанкуловска:Чадиев е најдобриот кандидат за градоначалник на Велес

Јанкуловска:Чадиев е најдобриот кандидат за градоначалник на Велес

2033
0
SHARE

 

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска во посета на Велес. Му даде целосна поддршка на кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Славчо Чадиев.

Според Јанкуловска, Чадиев е најдобриот кандидат за градоначалник на Велес, затоа што како што вели таа тој имал потенцијал за решавање на конкретни и реални проблеми на граѓаните. Јанкуловска смета дека противкандидатот на Чадиев имал само апстрактни теми кои не значеле решавање на вистинските проблеми на велешани.
„ Бев министер за внатрешни работи и кога Аце Коцевски беше градоначалник на Велес, тогаш немаше никаква иницијатива од локалната самоуправа. Сум министер и кога Славчо Чадиев како локален функционер и претседател на општина Велес, тој повеќепати ми се јави за решавање на конкретни проблеми на граѓаните“, рече Јанкиловска.
Јанкуловска смета дека Чадиев заслужува поддршка не само од ВМРО ДПМНЕ, пермиерот Груевски и централната власт туку и од неговите сограѓани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here