Home Технологија Windows 10 ќе ги замени лозинките со скенирање на окото

Windows 10 ќе ги замени лозинките со скенирање на окото

49
0
SHARE

Со Windows 10, Microsoft не сака само во оперативниот систем да го донесе само најдоброто за мобилните и десктоп платформие, туку  на корисниците да им понуди и сигурност на работната средина која нема да биде базирана само на лозинки.

Како дел од напорите Windows да го направи побезбеден, Microsoft се здружи со  селектирана група компании, како Google и PayPal, во поддршка на Fast Identification Online (FIDO) отворениот стандард и користењето алтернативни методи за идентификација, базирана на биометриски читачи.

На овој начин, Windows 10 би се оддалечил од традиционалното логирање со лозинки и ќе го профати FIDO системот од напредната генерација, нудејќи им на корисниците нови методи за аутентификација како што е скенирањето на окото.

Во Microsoftu тврдат дека новиот систем на верификација и логирање е нешто кон што се стремат, но дека претставува и голем предизвик.

Затоа FIDO поддршката, со лансирање на Windowsa 10, е прв чекор кон зајакната безбедност. Новиот оперативен систем на Microsoft, така би мигрирал на методите за верификација кои се локално базирани и не би оддавале никакви информации online, што би ги отежнало хакерските упади во компјутерите со Windows 10.

Читачите на отисоци од прсти и скенери на око, базирани на FIDO 2.0 стандардот, сето ова би го олесниле, а веќе неколку компании произведуваат вакви уреди кои во моментот ги користат сервисите на Google. Windows 10 се очекува во втората половина од оваа година, а Microsoft вети дека ќе ја подобри соработката со FIDO партнерите за новиот оперативен систем помалку да се базира на лозинки, а повеќе на локални системи за верификација.
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here